/BIH/ HR/SLO/MK/EN/
Florentine

Флорентине

Состојки:

¼ чаша (35 г) бадеми, крупно исецкани по должина

1 лажица мешано суво овошје

1 лажица зрна грозје

5 кандирани цреши (15 г)

3 комада кандиран ѓумбир (15 г)

60 г путер

¼ чаша (55 г) АГРАГОЛД Демерара кафеав шеќер

1 лажица слатка павлака

125 г темно чоколадо, стопено

 

Подготовка: Во миксер измешајте бадеми, суво овошје, зрна грозје, цреши и ѓумбир, да бидат ситно исецкани, и потоа префрлете ги во голема чинија.

Во помал лонец загрејте путер и шеќер на тивка температура додека не се растопат. Кога ќе провријат, варете уште една минута или додека смесата не почне да поприма златно кафена боја. Не мешајте ја смесата откако ќе проврие, за да не се создадат кристали. Во сад со бадеми и овошје додадете ја смесата и слатка павлака, па добро измешајте.

Со лажичка одвојувајте полна лажица од смесата и редете на намастен плех, со доволно простор помеѓу секое парче, бидејќи во текот на печење бисквитите ќе нараснат.

Печете во рерна на средна температура околу 10 минути или додека не добијат златно кафена боја. Извадете ги бисквитите од рерна и со помош на метална лажица обликувајте кругови додека се топли. Оставете кратко да се изладат на плехот. Потоа внимателно ставајте една по една флорентина на решетка од рерната, да се изладат и стврднат.

Ставете по една лажичка чоколадо на рамната страна на секој бисквит и размачкајте по површината. Кога чоколадото малку ќе се стврдне, со вилушка направете шари со лесни движења. Наредете ги флорентините на чинија и ставете ги во ладилник додека чоколадото не се стврдне.