/BIH/ HR/SLO/MK/EN/

АГРАГОЛД шеќер во прав

АГРАГОЛД шеќерот во прав со својата мека структура, многу слатки моменти ги прави уште послатки.

АГРАГОЛД шеќерот во прав е кристален шеќер сомелен во најфин прав! Ситно мелените кристали на шеќерот лесно се топат и одлично се мешаат со теста, креми, глазури и други состојки при правењето на различни слатки. Идеален е за посипување на готови торти и колачи.

*Совет: АГРАГОЛД шеќерот во прав е 100% природен шеќер без никакви адитиви или додатоци, така што може да се случи, за време на подолготрајно и несоодветно складирање, да дојде до згрутчување. Затоа АГРАГОЛД ви советува, по отворањето на вреќичката, шеќерот да го чувате на суво место и во затворен сад, за да се избегне контакт со влага и на тој начин да се спречи можното згрутчување.