/BIH/ HR/SLO/MK/EN/
Dolcevita_mk
1

Умерено to е здраво

Правилната и здрава иshрана и здравиот начин на живеење, се најголеми предизвици на денешнината. Во модерното семејство, брзиот начин на живот и индивидуалните навики, не им оставаат доволно време на жените и мажите да одделат време и секојдневно да и се посветат на иshраната. Сепак, под претпоставка дека сме здрави и дека немаме поголеми здравствени проблеми, почитувањето на златното правило на животот “умереноto е здраво” е доволно за здрав и балансиран живот. Што значи тоа?

Здравата иshрана значи да се јаде што поразновидна храна во умерени количини. Оброците треба да се јадат полека, без брзање и треба да се биде свесен за важноста на внесувањето храна во организмот, водејќи сметка храната да не биде премногу ладна, жешка, премногу солена, премногу кисела или премногу зачинета.

Меѓутоа, бидејќи секој организам не е ист и не бара исто внесување на хранливи материи, неопходно е и “прислушување” на организмот. Доколу научиме да ги следиме потребите на сопствениот организам и доколку се храниме во сообразност со тоа, можеме да избегнеме многу болести и стареење на организмот.

Ishраната влијае на човековото здравје, расположение, креативност и ефикасност, а потребата на човекот за слатко е вродена, поради што шеќерот има своја улога во нашата иshрана. Балансираната и здрава иshрана има смисoл само доколку низ тоа постигнуваме и развиваме позитивна состојба на духот и уживаме во животот. Бидејќи на крајот, целата поента во тоа да бидеме здрави, е да можеме да уживаме во животот и вкусовите што животот ни ги дава. На овој начин постигнуваме севкупно физичко и ментално здравје на нашиот организам.

Исто така, исклучително важно за здрав и балансиран живот, е воведувањето на правилото од најмалку 20 минути физичка активност дневно (шетање, брзо odewe, трчање, возење на велосипед, планинарење, јога, гимнастика и сл.) и што повеќе престој на свеж воздух. Но, исто така, подеднакво е важно и квалитетно да се одмараме и да се релаксираме.